Home ЗАБАВА Занимливости Папагал престанал да јаде поради љубов

Папагал престанал да јаде поради љубов

SHARE

Папагал по име Принцеза останал без својот долгогодишен парнер Принц кога неговиот сопственик Икрам Селим се вратил по него.

Селим го оставил папагалот во приватна зоолошка градина во главниот град на Бангладеш, Дака во 2007 година.

Сопственикот на зоолошката граддина Абдул Адуд кој Принцеза ја купил во Бразил на почетокот не сакал да го врати Принц на сопственикот, па тој го натерал да го стори тоа по судски пат.

Принцеза долго патела за својот Принц, додека на крајот не престанала да јаде поради осаменост. Вадуд дознал за тоа и повторно на суд побарал Принц да му се врати.

Желбата на Вадуд се исполнила – Принцеза и Принц повторно се заедно со нивните три потомци во зоолошката градина.

Иако целата приказна звучи многу романтичпно, Вадуд можеби имал и финансиски мотиви за своите постапки со оглед на тоа што кога папагал од видот Ара сака да се пари, тоа вреди неколку пати повеќе од вообичаените цени.

РЕКЛАМИ: ---