Home КУЛТУРА Настани „Песни од коштана“ на програмата Крива Паланка град на културата

„Песни од коштана“ на програмата Крива Паланка град на културата

SHARE

Програмата „Крива Паланка град на културата“ за овој месец ќе биде отворена денеска, со мјузиклот Коштана во изведба на  Силви Плевнеш и доајенот на македонското глумиште Илија Струмениковски.

Песните од Коштана, проект на Силви Бенд, кривопаланчани ќе можат да го погледнат денеска, на градскиот плоштад, со почеток во 19 часот.

Станува збор за музика од претставата „Коштана“, во која Силви Плевнеш го интерпретира главниот лик, а за истиот беше прогласена и за најдобра Коштана на Балканот.

Песните за Коштана  се вкупно 16 на број, а една содржи реплики од главниот лик во претставата, Митке, кој го игра актерот Илија Струмениковски.

Публиката од Крива Паланка ќе може да ги слушне нумерите: „Отвори ми бело Ленче“, „Крај Вардара седеше“, „Жал за младост“ и другите кои се најдоа на овој музички материјал од претставата Коштана, во издание на Сил-Вла продукција.

РЕКЛАМИ:
Loading...