Home LIFE STYLE Мода и Убавина Пет начини да се ослободите од смрдливите нозе

Пет начини да се ослободите од смрдливите нозе

SHARE

Топлите, испотени стапала по правило стануваат и смрдливи стапала.

Ова е невозможно да се избегне во месеците кои доаѓаат.

Потта создава развој на бактерии, кои шират непријатна миризба.

Но, овие 5 совети може да ви помогнат во борбата со смрдливи стапала.

Измијте ги нозете со алкохолен оцет

Одлични борци со бактериите се сапунот и водата. Сепак по миењето на нозете, на стапалата можете да нанесете малку гел или спреј за дезинфекција на рацете или пробајте го следново.

Измешајте една лажичка алкохолен оцет со четири литри вода и нозете држете ги во растворот 15 до 30 минути еднаш до два пати дневно.

Елиминирајте ја влагата

Пред облекување чорапи или чевли на стапалата  нанесете тенок слој на бебешка пудра. Пченкарниот скроб или обичната сода бикарбона ја апсорбираат влагата од чевлите.

Можете да нанесете и антиперспирант на табаните и помеѓу прстите.

Исушете ги чевлите

Неколку дена пред носењето исушете ги чевлите. Можете да употребите пудра за чевли или миризливи влошки. Ако вашите чевли и понатаму мирисаат оставете ги да се исушат на сонце.

Побарајте помош од доктор

Ако ништо од ова не ви помогна, можете дерматологот да го замолите за силен антиперспирант за стопала.

Доколку вашите стапала премногу се потат, тогаш докторот може да ви препише лекови или третман со ботокс кој ќе го сведе потењето на минимум.

РЕКЛАМИ:
Loading...