Home СПОРТ Кошарка Пипан го објави списокот: Во полн состав ќе атакуваме на ЕП во...

Пипан го објави списокот: Во полн состав ќе атакуваме на ЕП во Словенија

SHARE

Предводникот на македонската кошаркарска репрезентација, Алеш Пипан, го објави списокот на кошаркари на чии услуги ќе смета на претстојното ЕП во Словенија.

На големиот настан за македонската репрезентација, ќе имаат право за настап следниве кошаркари:

Александар Костоски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Владимир Брчков, Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски.

Нашите кошаркари денеска заминуваат за Словенија и до среда, кога го играат првиот натпревар против Црна Гора, ќе одржат неколку тренинзи во низа на кои, ќе ги воигруваат тактичките варијанти.

Да потсетиме, нашата репрезентација се наоѓа во групата „Б“ заедно со БиХ, Србија, Црна Гора, Летонија и Литванија.

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ: ---