Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Пипи Долгиот Чорап денес е вистинска заводничка

Пипи Долгиот Чорап денес е вистинска заводничка

SHARE

Се сеќавате слатката Пипи Долгиот Чорап? Ќе се воодушевите кога ќе видите каква убавица е денес.

Кога прв пат се појави во детскиот филмот оваа актерка ги освои срцата на многумина.

Девојчиња ширум светот се споредуваа со неа, а таа денес е  вистинска жена.

Теми Ерин е американска актерка која моментално не е толку популарна како некогаш.

Оваа 38- годишна жена во 1988 година ја глумеше Пипи Долгиот Чорап во истоимениот филм. Таа беше девет годишно девојче со супер моќи, со кое се споредуваа сите деца низ светот.

Но, од тогаш до денес таа не доби некоја друга важна филмска улога.

Во меѓувреме Теми стана амбасадорка на УНИЦЕФ, но за да си ја врати старата слава снимила неколку провокативни едиторијали и така покажа дека не е повеќе мало пегаво девојче.

Во последните неколку дена Теми повторно е во центар на вниманието.

Актерката го нападнала својот цимер бидејќи ја снимал додека таа уживала во својата приватност.

Таа е приведена, но се бранела велејќи дека инцидентот се случил во самоодбрана бидејќи нејзиниот цимер е многу повисок и посилен од неа.

РЕКЛАМИ:
Loading...