Home СПОРТ Останато Писториус на слобода со кауција

Писториус на слобода со кауција

SHARE

Судот на Јужна Африка во Преторија одлучи со кауција да го пушти да се брани од слобода параолимпискиот спринтерски првак Писториус кој е обвинет за убиство на својата девојка.

Според судијата кој го води процесот, обвинителството не успеало да докаже дека обвинетиот може да излезе од државата до почетокот на судењето кое ќе започне за неколку месеци.

Писториус доби забрана да ја напушта земјата, а својот пасош го приложил на властите.

26-годишниот Оскар Писториус кој е обвинет за убиство на својата девојка, изјави дека ноќта кога се случила несреќата тој пукал во Рива по грешка мислејќи дека во куќата влегол провалник.

РЕКЛАМИ:
Loading...