Home КУЛТУРА Настани „Плакарт“ го организира петтиот студентски конкурс за плакат

„Плакарт“ го организира петтиот студентски конкурс за плакат

SHARE

Здружението на графички дизајнери „Плакарт“ го организира петтиот Меѓународен студентски конкурс за плакат, годинава на тема „Money for free“. Пристигнале 1.650 плакати на автори од 33 земји.

Најдобрите ќе ги избере меѓународно жири, во состав: Славимир Стојановиќ – најнаградуван балкански графички дизајнер, Серж Серов – претседател на Биеналето за графички дизајн „Златна пчела“, Чинциа Ферара од Асоцијацијата за италијански дизајн и визуелна комуникација и Рене Ванер – сопственик на порталот www.posterpage.ch.

Постерите ќе бидат претставени на изложба во Младинскиот културен центар на 14 декември, што ќе биде и централен настан од петтата организација на меѓународниот конкурс на студентски плакат.

„Плакарт“ организираше и конкурс за дизајн на официјалниот билборд на годинашната манифестација, кој го изработи Диего Вака од Еквадор и веќе е поставен низ Скопје.

Здружението за графички дизајн годинава организира и изложба на дела од Александар Миколајевич Родченко – „таткото“ на конструктивизмот, како и на 20 современи руски дизајнери, која првпат ќе биде презентирана на просторите на поранешна Југославија. Ќе биде поставена и изложба на постери од Славимир Стојановиќ, а младите графичари ќе може да следат бесплатни предавања.

Во изминатите четири години „Плакарт“ организираше конкурси за студентски плакат на теми: Толеранција, Сиромаштија, Екологија и ХИВ/СИДА.

РЕКЛАМИ: