Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Плејбој зајачиците откриваат како изгледа животот со Хју Хефнер

Плејбој зајачиците откриваат како изгледа животот со Хју Хефнер

SHARE

Кристал МекКејхил и Џеса Хинтон, двете Playboy зајачици открија каков е животот со Хју Хефнер, опишувајќи го како „семејна идила”.

31-годишната Џеса тврди дека луѓето имаат предрасуди за зајачиците, а една од најчестите е дека тие мора да спијат со Хефнер.

„Мене никогаш не ми се додворуваше, тој е вистински господин и многу е љубезен. Тој е вистински пример за господин, а такви луѓе денес повеќе не постојат“, изјави за австралискиот „Daily Mail“.

Кристал додава дека Хефнер сака да одржува рутина, па активностите однапред ги планира, вклучувајќи гледање филмови и играње на друштвени игри во вечерните часови со зајачиците.

Неговата омилена игра е реми, открива зајачицата која живее во куќа спроти вилата Плејбој.

„Секоја вечер одев во вилата и таму вечерав. Секој вторник игравме домино или Уно со Хеф. Во куќата бевме само пет или шест луѓе, па имаше вистинска семејна атмосфера“, објаснила Кристал.

плејбој зајачици

Како дел од Плејбој вилата постојат зоолошка градина, каде што има мајмуни, пауни, жерави и желки.

Зајачиците кои седат во куќата од спротива на улицата се мешаат со оние кои живеат во вилата. Двете зајачици се согласија дека постајат големи заблуди за тоа што доаѓа со титулата на Плејбој зајачици.

„На нашите забави не се случува ништо одвратно. Сите претпоставуваат дека зајачиците се голи, но не е така, на забавите владее домашна атмосфера. Сите зајачици се некако како сестри“, изјави Кристал, чија мајка Гејл Олсон беше зајачица во 1968 година.

Џеса ги отфрли обвинувањата на експлоатација на жените.

плејбој зајачици

„Никој не може да ги искористи ако го направат тоа доброволно. Ако се погледне во некои документарци за Хју Хефнер, неверојатно е што тој издржа. Јас не би го осудувала никого, би ги пуштила луѓето да си ги живеат нивните животи и би била слободна за тоа која сум јас“, додаде Кристал.

Џеса вели дека позирањето во Плејбој, како зајачица на месецот, е само начин да им се оддаде почит на жените.

„Тоа е суштината на позирањето, да ви биде удобно во својата кожа. Ние сите сме различни, некои имаат облини, други се тенки, секој е таков како што е. Убавината доаѓа во сите облици и големини. Секој месец, во магазинот се наоѓа една независна, силна, убава жена. Ова не е порнографија, тоа не е експлоатација и не е експлицитно. Тоа е многу скромно кога ќе се спореди со други работи кои може да се најдат на интернет. За мене тоа е повеќе уметност отколку било што друго“, рече таа.

И двете се едуцирани дома, и Џеса тврди дека додека растела била „неспретна тинејџерка”. Додека се снимала за страниците за списанието за возрасни се чувствувала како принцеза.

плејбој зајачици

РЕКЛАМИ: ---