Home ШОУ БИЗз Балкан По концертот во Скопје, Жељко Јоксимовиќ со порака на македонски (фото)

По концертот во Скопје, Жељко Јоксимовиќ со порака на македонски (фото)

SHARE

Жељко Јоксимовиќ овој викенд имаше концерт во Скопје и приреди вистинско музичко уживање.

Пејачот вечерта ја отвори со хитот „Лудак како јас“, а потоа се редеа „Звезда“, „Либидо“, „Тело вретено“, „Супермен“ и многу други.

Вечерта како специјален гостин на сцената се појави и неговата колешка од Србија Јелена Томашевиќ, со која испеа неколку македонските народни песни.

Атмосферата беше одлична, а посетителите во еден глас ги пееа неговите хитови.

По завршување на концертот, на оицијалната фан страна на Жељко беа објавени фотографии, но и благодарност.

Жељко се заблагодари на српски, но и на македонски јазик.