Home СПОРТ Ракомет По триумфот над Исланд, македонските ракометари со победничка фотографија!

По триумфот над Исланд, македонските ракометари со победничка фотографија!

SHARE

Ракометната репрезентација на Македонија синоќа славеше голема победа против репрезентацијата на Исланд.

30-25 беше крајниот резултат постигнат на теренот во „ Борис Трајковски“.

Со ова Македонија го продолжи патот за пласман на ЕП во Хрватска во 2018-та година.

Ракометарите успеаа да извојуваат победа над Исланд по речиси девет години од последниот успех во дуелите со оваа селекција.

Па нормално дека на среќата и немаше крај, а радоста од теренот се префрли во соблекувалната и беше овековечена со селфи.

РЕКЛАМИ: ---