Home ЗАБАВА Почина писателот Трајче Крстевски

Почина писателот Трајче Крстевски

SHARE

Во Прилеп, на 66 години почина писателот Трајче Крстески, раскажувач, романсиер, поет и драмски автор.

Посмртните останки на Крстески беа погребани денеска во неговиот роден град.

Трајче Крстески е роден во 1950 година во Прилеп. Работеше како новинар, издавач и уредник на литературното списание „Стремеж“. Автор е на дваесетина книги, меѓу кои, на романите „Арлекин со празни раце“, „Ослободен човек“, „Лов“, „Силјан повторно лета“ и на драмата „Пресуда“.

За своето литературно творештво Трајче Крстески беше добитник на наградите „Нарциса“ и „Мисла“. Беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1980 година.

трајче крстевски

РЕКЛАМИ:
Loading...