Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Почина Стивен Хокинг: Холивудските ѕвезди се збогуваат со трогателни пораки

Почина Стивен Хокинг: Холивудските ѕвезди се збогуваат со трогателни пораки

SHARE

Еден од најголемите умови во науката во последните стотина години, Стивен Хокинг, почина на 76-годишна возраст.

Семејството на Стивен Хокинг објави дека научникот починал вчера во раните часови од денот, во неговиот дом во Кембриџ, Англија.

„Ние сме во длабока жал поради смртта на нашиот сакан татко. Тој беше одличен научник и неверојатен човек чија работа и наследство ќе живее многу години. Неговата храброст и истрајност комбинирана со неговата брилијантност и хумор инспирираа многу луѓе ширум светот. Тој еднаш рече: ‘Не би било баш некој универзум ако тоа не беше дом на луѓето кои ги сакаш’. Секогаш ќе ни недостасува“, стоеше во изјавата на неговите деца.

Од големиот ум денес се поздравуваат и најголемите ѕвезди во Холивуд кои изразуваат длабоко жалење.