Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Почнаа скандалите: Викторија Бекам се направила “партал” со снаата

Почнаа скандалите: Викторија Бекам се направила “партал” со снаата

реклама:Велигден со Стаф

По долги години наназад без скандали семејството Бекам повторно се најде на мета на таблоидите.

Откако Дејвид и Викторија Бекам добија снаа за својот најстар син веќе почнаа несогласувања меѓу снаата и свекрвата.

Никола Пелц на Инстаграм објави фотографија на која со расплакани очи лежи во кревет и гледа во далечина. Покрај фотографијата атрактивната Американка објави и емотивен текст кој медиумите гопротолкуваа како одговор на шпекулациите за нејзината кавга со Викторија Бекам.

„Понекогаш ми е тешко да го покажам тажниот дел од себе. Израснав со седум браќа и сестри и со двајца многу силни родители и тоа ме направи и мене силна. Поради тоа не дозволувам луѓето да ми го расипат расположението или да ме повредат. Околу себе изградив ѕид за да се заштитам, што е посебно важно во оваа индустрија. Сите имаме деново кога некој ќе не повреди и во ред е да се чувствуваме лошо. Само сакав да напишам нешто за тоа бидејќи овде никогаш не сум ја покажала таа своја страна. Сакав да го покажам тоа. Сите ве сакам и ја ценам вашата поддршка“ – напиша Никола Пелц.

Изминативе неколку денови американските медиуми пишуваа дека Никола Пелц и Викторија Бекам се „во војна“. Некои од нив наведоа и дека главна причина за нетрпеливоста и за заладените односи е тоа што Никола е љубоморна на вниманието што Викторија секогаш го добива, па поради тоа и ја исклучила својата славна свекрва од подготовките за венчавката што се одржа во април годинава во Палм Бич на Флорида.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------