Home КУЛТУРА Настани Почнува Неделата на дизајн во Скопје

Почнува Неделата на дизајн во Скопје

SHARE

Над 200 учесници од десетина земји, 12 креативни работилници, 36 комерцијални изложби и шест концерти на регионални бендови во вечерните термини ќе понуди третото издание на Неделата на дизајн во Скопје (Skopje Design Week), која ќе се одржува од денеска до 6 октомври во Куршумли ан.

Манифестацијата ќе биде отворена вечер во 20 часот, а од утре до затворањето в недела ќе има содржини преку цел ден почнувајќи од 10 часот со слободен влез за посетителите.

Ќе има работилници за креативни претпријатија, за експериментален дизајн на продукти,  дизајн на звук, за музички театар, дизајн во комуникацијата, работилница за поетичен дизајн, детски работилници за рециклирање и игра, работилница за гастрономија на која ќе се создаваат и претставуваат специјалитети… Меѓу изложбите ќе биде и таа за презентација на прототипови на современ македонски мебел изработени од 13 млади дизајнери. Оваа изложба во 2014 ќе патува на регионални фестивали за дизајн.

Ќе се претстават дизајнери  од Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Шведска, Норвешка, Велика Британија и Швајцарија, која е земја во фокусот на годинашната скопска недела на дизајнот.

Коорганизатор  на настанот е Плакарт.

Целата програма: http://www.ministryofpleasure.net/program.html

РЕКЛАМИ: ---