Home КУЛТУРА Почнува со работа Кино Култура

Почнува со работа Кино Култура

SHARE

Со скопската премиера на претставата „Ајнштајновите соништа“ во режија на Слободан Унковски вечер ќе биде отворено Кино Култура-Центар за современи изведувачки уметности и современа култура.

Кино Култура е проект чии основачи се Театарот на Навигаторот Цветко и Локомотива-Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, заедно со неколку партнери и организации со цел следните пет години да се воспостави урбан простор за современи изведувачки уметности. Партнер во проектот е општина Центар.

Претставата „Ајнштајновите соништа“ е по текст на Алан Лајтман, драматизацијата на Русомир Богдановски и копродукција на Театарот на Навигаторот Цветко и Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“. Репризата на оваа претстава е предвидена за утре, а на 25 декември ќе се прикаже претставата „Солун, град на духови“ по текст на Русомир Богдановски, а во режија на Слободан Унковски.

Реновираниот простор има 180 седишта, а на горниот кат се подготвуваат сали за проби и канцеларии.

РЕКЛАМИ:
Loading...