Home КУЛТУРА Настани Почнува манифестацијата Денови на македонската култура во Лондон

Почнува манифестацијата Денови на македонската култура во Лондон

SHARE

Концертот на Симон Трпчески со Лондонската филхармонија вечер во „Ројал фестивал хол“ ќе ги отвори Деновите на македонската култура во Лондон, кои ќе се одржуваат до 14 мај.

Манифестацијата е во рамки на Културната олимпијада, организирана во пресрет на Летните олимписки игри во британската престолнина.

Во Лондон, Трпчески ќе го изведе Концертот бр. 2 од Франц Лист, под диригентство на Филип Џордан. Настапот е дел од неговата турнеја во Велика Британија,  на која ќе изведе три концерти оваа седмица – во Челтнам, Бедфорд и во Ворик.

Следна содржина на Деновите на македонската култура во Лондон е отворањето на изложбата „Made in Macedonia“ во галеријата „Пал мал“ во центарот на Лондон, каде што ќе биде претставена македонската современа ликовна сцена низ делата на 13 уметници.

Изложбата ја организира Музејот на современа уметност и ќе трае до 12 мај, кога е закажана и премиерата на третиот дел од Шекспировата драма „Хенри Шести“ во изведба на Битолскиот театар, во театарот „Глоуб“ во Лондон.

На деновите на македонската култура ќе биде презентиран и македонскиот фолклор преку настапот на Стевче Стојковски и неговиот ансамбл, а ќе бидат заокружени на 14 мај во Јуниверзити колеџот, со промоција на едицијата „130 тома македонска книжевност“ преведена на англиски јазик.

РЕКЛАМИ:
Loading...