Home КУЛТУРА Настани Почнува снимањето на играниот филм „До балчак”- Приказна од Дивиот исток

Почнува снимањето на играниот филм „До балчак”- Приказна од Дивиот исток

SHARE

„До балчак” – Приказна од Дивиот исток е насловот на долгометражниот игран филм во режија на Столе Попов и по сценарио на Горан Стефановски, чие снимање почнува во четврток во село Света, Демирхисарско.

Во селото филмскиот сет за снимање е комплетно изграден за потребите на филмот, и ќе претставува железничката станица – контролен пункт во Отоманската империја.

Продукција е на Трингл Филм, во копродукција со Сектор Филм, ФX 3X и Македонската радио-телевизија.

Снимањето ќе се одвива 10 недели на територијата и околината на Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп.

Проектот е поддржан и финансиран од Владата на Република Македонија и Филмскиот Фонд на Македонија во програмата за проекти од национален интерес.

Снимањето на филмот го потпомогнаа и министерствата при Владата, МПЦ – Преспанско-пелагониската и Дебарско-кичевската епархија, Македонски железници и локалните градски самоуправи.

Дејствието се случува во првата декада од 20 век. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација.

Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во кој се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја исполнет со супер историски апсурди.

РЕКЛАМИ:
Loading...