Home КУЛТУРА Настани Поезијата на Маџиров објавена во Исланд, Холандија, Шведска и Мексико

Поезијата на Маџиров објавена во Исланд, Холандија, Шведска и Мексико

SHARE

Поезијата на Никола Маџиров го отвора тематот „Нова земја” на едно од најпрестижните холандски книжевни списанија „Терас”, а исландското списание „Стина” на страниците за преводна литература ја објавува на исландски јазик заедно со фрагменти од опусот на Едгар Алан По, Џек Керуак или Роберт Валзер.

Шведското поетско списание „Лириквенен” го отвори тематот „Тишина” со поезија на Маџиров, каде е вклучена и поезијата на Цветаева и Пастернак, а стокхолмскиот книжевен магазин „10-тал” објави негов есеј.

Стихови на поетот од Македонија се објавени и во мексиканското списание „Ла Отра”, како и во антологијата на меѓународниот фестивал Којакан кој се одржа минатата недела во Мексико Сити во чест на 100-годишнината од раѓањето на мексиканскиот нобеловец Октавио Паз. Фестивалот се одржуваше во куќите и музеи на Фрида Кало, Троцки или Диего Ривера, а учествува автори од дваесетина земји, меѓу кои и неколкукратните кандидати за Нобеловата награда Адонис и Беи Дао.

Маџиров беше избран за член на меѓународното жири кое годинава ја додели наградата на индиско-британската поетеса Суџата Бат, а на завршната вечер од фестивалот тој ја прочита песната “Кога некој заминува” во чест на 43-те исчезнати мексикански студенти по кои се трага веќе два месеци.

МИА

РЕКЛАМИ:
Loading...