Home ШОУ БИЗз Балкан Погледнете ја Елена како Есма: Со „Зајди зајди“ таа ги расплака учесниците...

Погледнете ја Елена како Есма: Со „Зајди зајди“ таа ги расплака учесниците и публиката во ТЛЗП

SHARE

Елена Ристеска, единствената од Македонија која е дел од шоуто „Твоето лице звучи познато“, во следната епизода од ова шоу ќе покаже уште еднаш дека е одлична пејачка.

Освен што ќе ја имитира легендарната Есма Реџепова, нејзината изведба на „Зајди, зајди“ ќе расплака многумина, пишува Прва ТВ, на која се емитува ова шоу.

Во новата епизода, Елена има многу тешка задача.

Со совршената маска, таа успеа и со гласот да потсети на легендарната Есма, а со своето пеење го остави жирито без текст и ги расплака останатите натпреварувачи, пишува на сајтот на Прва ТВ како најава за тоа што ќе имаме можност да го проследиме во недела.

Погледнете ја Елена како Есма Реџепова.

Елена Ристеска како Есма

РЕКЛАМИ:
Loading...