Home ЗАБАВА Видео Погледнете ја снимката од мистериозното суштество од Охајо

Погледнете ја снимката од мистериозното суштество од Охајо

SHARE

На снимката која „Hau to kanal 101“ во април ја постави на интернет, прикажано е непознато суштество прекриено со густо темно влакно, како претрчува во областа Grand River, на североистокот од Охајо. Необичното суштество многу потсетува на митскиот Бигфут.

Според снимката, се стекнува впечаток дека личноста која го снимила видеото, не е сигурно дали е машко или женско, вози мотоцикл или скутер низ патеката, снимајќи ја околината.

На големо изненадување „Бигфут“ поминува низ патеката од левата на десната страна, додека во раката држи нешто што личи на стап.

Интригантната глетка, судејќи по де, го испалши мистериозниот возач, кој нагло застанува и бега во спротивен правец.

Затоа што на снимката , која досега ја видоа скоро 100.000 интернет корисници, се слуша гласната бучава од моторот, не се знае дали монструозното суштество кое наликува на мајмун, произведува некаков звук.

Многумина кои ја виделе снимката се уверени дека навистина се работи за „Бигфут“. Истражувачите не го признаваат неговото постоење, сметаат дека се работи за мешавина од легенда, погрешна идентификација и измама.

РЕКЛАМИ:
Loading...