Home ЗАБАВА Занимливости Погледнете како денеска изгледа девојчето од обвивката од познатото чоколадо

Погледнете како денеска изгледа девојчето од обвивката од познатото чоколадо

SHARE

Далечната 1988 година на полиците во маркетите ни се смешкаше слатката русокоса девојка која со обвивката од чоколадото Сека „влезе“ во нашите домови.

Ликот на популарното чоколадо го позајми Теа Агбаба, ќерка на новинарот Градимир Агбабе.

И токму во 1988 година, наместо цртеж, на обвивката се појави нејзината фотографија.

Ова убаво девојче, денеска е уште поубава жена, која во разговор за радиосарајево.ба вели дека живее и работи во Палма де Мајорка.

„Како девојче од четири ипол години си играв. Беше тоа еден сосема нормален ден и мислам дека по градинките бараа деца, односно лик кој би можел да биде на тоа чоколадо, но цело време гледаа во мене. Веднаш рекоа дека јас сум таа! Знам дека ја прашуваа мајка ми, но не се сеќавам точно на целиот процес. Знам само дека ми кажа дека тоа е прекрасна можност и дека тогаш сите беа среќни околу мене. Јас едноставно одлучив дека тоа би било правилно да го направам“, се присетила Теа на времето од 1988 година.

Чоколадо

Теа денеска е во Палма де Мајорка, а 20 години живеела и во Лондон. Многу е носталгична, а и фали Хрватска, дури и сармата во текот на зимата. Додава дека си го задржала јазикот и дека секогаш чувствува и знае од каде е.

Еве како таа изгледа денеска.

Теа Агбаба

Теа Агбаба1

РЕКЛАМИ:
Loading...