Home ЗАБАВА Tv + Reality Погледнете како е претставен Охрид во репортажата на „Euronews“ (видео)

Погледнете како е претставен Охрид во репортажата на „Euronews“ (видео)

SHARE

Охрид кој често се нарекува „Бисер на Балканот“, заштитен како културно наследство од УНЕСКО, град стар повеќе од 5.000 години и едно од најстарите населени места во Европа.

Град богат со историја и некогаш познат како важен трговски центар и еден од најпознатите антички рути низ Европа.

Вака е претставен Охрид во репортажа што ја на својата веб страница ја објави мултијазичниот европски телевизиски канал „Euronews“.

Во репортажата се раскажува за богатата историја која ја има балканскиот Ерусалим, истакнувајќи дека многу богатства кои ги има Охрид се уште не се откриени. Порано се викал Лихнидос, име кое значи „град на светлината“.

Градот во минатото станал центар на византиската култура и христијанството. Бил дом на најпознатите учители, свети Наум и свети Климент, кои три децении работеле во Охрид, а до ден денес уживаат огромна почит од жителите во градот и целата земја.

Во и окoлу Охрид има 365 цркви и манастири, по еден за секој ден од годината. Токму затоа, градот се нарекува балкански Ерусалим, се вели во репортажата.

„Euronews“ најавува дека по Охрид, следните репортажи ќе бидат за Матка, кањонот со мистичната пештера Врело, и за Дојранското Езеро каде што ќе го истражуваат традиционалниот живот на рибарите.

РЕКЛАМИ:
Loading...