Home ЗАБАВА Tv + Reality Погледнете што и се случило на жената која пиела три литри вода...

Погледнете што и се случило на жената која пиела три литри вода секој ден

SHARE

Новинарката Сабрина Бачаи една недела секој ден пиела по три литри вода, што е околу 12 чаши.

За да си го олесни пиењето на течноста, таа користела цевка.

Славните убавици како Гвинет Палтроу, Џесика Алба и други се колнат дека нивната кожа е блескава и здрава затоа што пијат многу вода.

И нутриционистите и лекарите напоменуваат дека за оптимална работа на организмот нужно е да го хидрирате, а често како магичен рецепт се препорачуваат 8 чаши вода дневно.

Пиење вода

За да ја испита теоријата во праска, новинарката Сабрина од САД започнала експеримент.

Една недела секојдневно пиела дури три литри вода, што е околу 12 чаши.

После краткиот експеримент, вели дека се чувствувала поздраво, но изгледала и подобро.

– Почнав многу поквалитетно да спијам, а кожата ми доби сјај, изјавила Сабрина.

Останатите навики не ги сменила, подеднакво јадела и тренирала, а сепак ослабела еден килограм.

– Водата ми го регулираше апетитот. Многу пати јадеме затоа што мислиме дека сме гладни, а всушност сме дехидрирани, раскажала таа во интервју за телевизијата ABC.

Единствено што го издвоила како негативно било потребата често да оди во тоалет, дури 7 или 8 пати во текот на работното време.

РЕКЛАМИ:
Loading...