Поголем, потенок и подобар iPhone5

    SHARE

    Apple  конечно го претстави новиот iPhone 5. Потенок, полесен, и според Фил Шилер кој е задолжен за маркетинг во Apple, „најдобар продукт што некогаш го направиле“.

    Новиот iPhone 5 има 326 PPI Retina дисплеј и 4 инчен екран со 1136 х 640 резолуција или 16:9 aspect ratio. Тоа е поголем екран во споредба со своите претходници и може комотно иконките од апликациите да ги распоредите во 6 редици. Или поточно 5, плус перманентната редица на долниот дел од екранот. Но, тоа што е важно е што поголемиот екран на почеток ќе нема никакво влијание на апликациите направени за постарите iPhone, односно кога ќе се отворат апликациите ќе има две црни ленти одозгора и под нив.

    Исто така, телефонот е потенок и полесен во споредба со претходниците. Тенок е само 7,66 mm, што е за 18 посто потенок во споредба со iPhone 4S и со 112 грама тежина е 20% полесен.

    Ова е прв LTE уред на Apple, oдносно има поддршка за 4G мрежите, и побрз 5GHz 802.11n WiFi. Камерата останува иста, 8 мегапиксели, но е помала, и според Apple подобра. Ќе има опција за сликање на панорами и ќе дава подобри фотографии на помало светло без користење на блицот. Сега iPhone има три микрофони кои треба да му помогнат на говорниот асистент Siri подобро да разбере што му се зборува.

    Уредот ќе се појави на пазарот од 21 септември, а цените во САД се најавени дека ќе се од 200 до 400 долари, но со две годишен договор. Во Македонија, како што беше случајот до сега, би било малку поскапо, околу 500 евра.

    Доколку се двоумите дали iPhone 5 или некој друг hi-end телефон, Mashable има една интересна споредба меѓу најновите популарни уреди.

    Извор: IT.com.mk

    РЕКЛАМИ:
    Loading...