Home INFO Поховано пилешко со сенф

Поховано пилешко со сенф

реклама:G Natural

Состојки:
800 грама бело пилешко месо
Сенф
Брашно
2 јајца
Лебни трошки
Зачини ( сол, вегета, мелена пиперка, пченичен гриз)

Подготовка:

Додека е полу-замрзнато, исечете го пилешкото на тенки шницли. Не го удирајте со кујнски чекан, од причина што белото месо нема жилички кои го прават тврдо. Малку посолете го месото и од едната страна намачкајте богат слој од сенф.
Потоа замотајте ја пницлата во брашно, па во изматените јајца и на крај во мешавина од лебни трошки, вегета, мелена пиперка и малку пченичен гриз.
Пржете на врело масло.
По пржењето положете го месото на хартиена ролна за да се исцеди од маслото.
Се сервира со парче лимон кој се исцедува врз секоја шницла непосредно пред да се јаде

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------