Home INFO Покојниот сопруг на Цеца бил страсно вљубен во оваа позната пејачка

Покојниот сопруг на Цеца бил страсно вљубен во оваа позната пејачка

SHARE

Пред да ја запознае Цеца, додека сеуште бил во брак со претходната сопруга Наталија, Аркан бил во турболентна тајна врска со позната пејачка.

Хрватската пејачка Дорис, лудо го сакала покојниот српски командант на Српската доброволна гарда Жељко Ражњатовиќ Аркан!

Љубовта меѓу Дорис и Аркан цветала во доцните осумдесетти, пред да започнат борбите во поранешна Југославија.

– Тоа беше врска базирана на страст, особено кога станува збор за Аркан – тврди изворот:

– Во тоа време, тој често ги фалеше нејзините вештини во креветот, додека Дорис беше заљубена како ученичка. Тие беа на работ на брак. Жељко уште тогаш размислувал за развод од поранешната сопруга Наталија, открива соговорникот.

Дорис и Жељко криеле дека се во врска, но сепак излегуваа заедно, особено во Белград, во клубовите „Нана“, „Тридент“ и „Мажестик“.

Изворот вели дека Аркан и Дорис едноставно биле без грижа.

– Проблемите во старата Југославија се уште не се започнати, но постоеше напнатост, па за неа од Сплит не беше толку лесно да се биде во врска со Жељко, кој беше лидер на навивачите на Црвена Звезда. Аркан често бараше од неа да се пресели од Сплит во Белград, а таа одговорала дека тоа ќе го стори штом тој се разведе од Наталија, раскажува одлично упатениот соговорник и додава:

– Дорис и Жељко сите контакти ги прекинаа, кога тој беше уапсен 1990 година во Двор на Уна, а Хрватска прогласи независност. Кратко време по овоие настани Аркан ги формира „Тигрите“ и се приклучи на војната во поранешна Југославија, а Дорис се мажи за ватерполистот Марио Будимир и му роди син.

Жељко 1993. се запозна со Светлана Цеца Величковиќ и се оженил со неа две години подоцна.

– Знаеше тој и пред Цеца периодично да ја спомене Дорис, се шегуваше дека била „чудо“ во креветот, што страшно ја вознемируваше. Сепак, сите кои тогаш се дружеле со нив знаат дека Дорис многу повеќе ко сакаше Аркан отколку тој неа – завршува изворот.

РЕКЛАМИ:
Loading...