Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Поранешниот на Ејми Вајнхаус обвинет за силување

Поранешниот на Ејми Вајнхаус обвинет за силување

SHARE

Момчето на Ејми Вајнхаус, Рег Тревис, е обвинет за силување. Го пријавила една негова познаничка која тврди дека Рег ја силувал во јануари.

Поранешното момче на починатата пејачка ќе мора да се појави на сослушување во јули.

Рег Тревис ноќта ја преспал во притвор откако полицијата го уапсила под сомневање дека ја силувал својата познајничка.

Филмскиот продуцент за силување го обвинила неименувана девојка со која, како што кажал и самиот Рег, понекогаш излегувал.

„Скршен е. Не може да верува дека таа направила такво нешто. Иако ја знае, никогаш со неа немал сексуален однос. На суд ќе докаже дека е невин“, изјавил негов пријател.

Рег тврди дека е невин и дека обвинувањата против него се лажни. Девојката која го пријавила наводно ја силувал во јануари оваа година.

Инаку, Рег и Ејми многу се сакале, а по смртта на пејачката, Тревис тврдел дека Ејми била неговата најголема љубов. Рег дури и планирал да се ожени со славната пејачка, но нејзината смрт го спречи во оваа намера.

РЕКЛАМИ:
Loading...