Пораз на Ливерпул, реми на Евертон во одложени натпревари од Премиер лигата

    SHARE

    Двете екипи од Ливерпул синоќа ги одиграа одложените натптревари од 34.коло од Премиер лигата.

    Ливерпул на „Енфилд“ загуби од Фулам со 1:0 со автоголот на Мартин Шкртел, а тренерот Кени Далглиш настапи со ослабен тим бидејќи екипата в сабота го игра финалето од ФА купот со Челзи.

    На вториот дуел одигран синоќа на „Британија Стадионот“ Стоук и Евертон одиграа 1:1. Гостите поведоа во 44 минута со автоголот на Питер Крауч, а во 69.минута изедначи Камерон Џером.

    Вечерва се играат уште два одложени натпревара од истото коло, Челзи е домаќин на Њукасл, а Болтон го пречекува Тотенхем.

    РЕКЛАМИ:
    Loading...