Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive ПОРНО СКАНДАЛ: Ќе издржи ли сајтот за возрасни „Porn hub“ уште една...

ПОРНО СКАНДАЛ: Ќе издржи ли сајтот за возрасни „Porn hub“ уште една групна тужба

реклама:G Natural

Еден од најпопуларните сајтови за возрасни „Porn hub“ повторно има проблеми со тужби од страна на корисници кои тврдат дека се злоупотребени нивните приватни видеа и фотографии.

Овој сајт со секс содржини кон крајот на 2020 веќе се најде на удфар од јавноста заради експлицитни видеа со малолетни лица кои можеа да се најдат на нивната плчатформа, а сега група од 30 жени поднесоа туќба за неовластено објавување и профит со повреда на приватноста од страна на сајтот.

Една од жените што зборуваше за CBS News за целиот случај рече дека направила видео со нејзиниот тогашен партнер кога имала 17 години. Но, видеото некако се најде на Порнхаб неколку години подоцна. Таа тврди дека никој од Порнхаб не се обидел да ја контактира, да провери колку години има кога се снимало или дали дала согласност да се објави тоа видео.

Граѓанска тужба поднесена против МиндГик, компанијата која стои зад Порнхаб и десетици други светски познати порнографски веб-страници, ја обвинува компанијата за водење на „криминално претпријатие“. Жените кои се вклучија во тужбата ја обвинуваат компанијата за експлоатација за профит, промовирање на видеа со силно силување, одмаздољубива порнографија и објавување видеа за сексуално злоставување на деца. Во тужбата се тврди дека МиндГик „прифатил пиратска содржина, јасно покажувајќи малолетни лица и прикажувајќи сексуални односи без согласност“ и се вели дека компанијата „профитирала од содржина што е производ на трговија со луѓе“.

Адвокат што застапува група жени, Мајкл Боу, истакнува дека компанијата со години ги заобиколувала постојните правила за да ги заштити актерите во традиционалната порно индустрија – особено делот каде производителите треба да ја потврдат возраста и идентитетот на луѓето во видеото .

Интернет-порно индустријата во суштина беше округ „Црвена светлина“. Оваа нова индустрија за порнографија на Интернет работи под различни правила во последните 10 години. Поточно без правила и надзор, истакна Боув.

МиндГик, кој поседува и управува со повеќе од 100 порнографски страници, вклучително и Pornhub, RedTube, YouPorn и Xtube и е сопственик на продукциска куќа која произведува порнографски материјали, со години им овозможува на непроверените корисници да објавуваат разни видеа.

Минатогодишниот скандал со детска порнографија, Порнхаб скапо го чинеше. Големите огласувачи се повлекоа од платформата, а врските ги прекинаа некои производители на содржини. Тогаш МиндГик рече дека ја „прочистиле“ содржината и отстраниле милиони видеа објавени од непроверени корисници. Тие дури споменаа и бришење на 80 проценти од вкупната содржина на платформата.

Тие одговорија на веста за тужбата со официјален коментар во кој се наведува дека сториле се што е во нивна моќ да спречат непроверени корисници да го објават видеото. Обвинувањата дека тие се „криминална компанија“ се нарекуваат „апсурдни, неодговорни и лажни“.

Тие додадоа дека „сексуалниот материјал и материјалот што прикажува злоупотреба на деца немаат простор на нивната платформа и предизвикуваат загуба на пари и го уништуваат доброто име на брендот што го граделе со години“.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“