Home ЗАБАВА Видео После оваа снимка јасно е зошто пилотите имаат толку големи плати (видео)

После оваа снимка јасно е зошто пилотите имаат толку големи плати (видео)

SHARE

На аеродромот во Дизелдорф често дуваат силни ветрови кои им прават големи проблеми на пилотите, но слетувањето на оваа писта сепак е прилика луѓето да ги покажат своите вештини.

Пилотите во кокпитот на овој „Ербас А-380“ докажале дека се одлучни во тоа што го работат.

Силниот страничен ветер и влажната писта претставуваат пречка за секој пилот, а особено за оној кој треба да го спушти најголемиот патнички авион во светот.

На снимката направена минатиот викенд се гледа како огромно летало „шета“ по пистата, а на пилотите на компанијата „Емирати“ мора да им се оддаде признание за успешно слетување.

За големината на авионот најдобро сведочи фактот дека вертикалните стабилизатори на снимката брзо излегуваат од кадар.

Погледнете го видеото:

РЕКЛАМИ: ---