Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Последни детали од несреќата: Синот на возачот се обидел да ги спаси

Последни детали од несреќата: Синот на возачот се обидел да ги спаси

SHARE

На местото на стравичната несреќа во која животите ги изгубија Пол Вокер и Роџер Родас прв пристигнал осумгодишниот син на Родас.

Додека скапоценото Порше сеуште горело, момчето од него се обидело да го извади својот татко, но за жал му немало спас.

„Ја прескокна оградата и отрча кон автомобилот, се обиде да му пријде и да го извлече својот татко“, рекол еден од очевидците на трагичната несреќа.

Само да потсетиме, Поршето со кој управуваше Родас излета од патот, се заби во столб и експлодира. Огнот толку ги уништи нивните тела, што идентификацијата не е возможна.

РЕКЛАМИ:
Loading...