Home ЗАБАВА Tv + Reality Потпретседателот на САД „малку“ се збуни (видео)

Потпретседателот на САД „малку“ се збуни (видео)

SHARE

Дали на американскиот потпретседател, Џо Бајден само му „излета“ или сакаше нешто да порача за американските претседателски избори во 2016-та?

Неколку часа пред положувањето на заклетвата на Барак Обама за вториот претседателски мандат, Бајден пред присутните на инаугурациониот бал во „Iowa State Society“ рекол:

„Горд сум што сум претседател на Соединетите Американски Држави“.

Побликата на тоа се насмеала, па дала аплауз, за потоа неговиот син Бју, кој е државен обвинител во Делавер, да го прекине неговиот говор и да им каже на присутните дека неговиот татко згрешил.

Бајден веднаш се поправил, но познато е дека тој сака да стане претседател на САД, бидејќи веќе се има кандидирано во 1998 и 2008 година, иако неуспешно.

Откако сфатил што рекол, Бајден се исправил и рекол дека е „горд што е потпретседател на САД“.

„Уште погорд сум што сум потпретседател во времето на мандатот на Барак Обама“, додал збунетиот Бајден.

Иако изборите во 2016 ќе се одржат само неколку дена пред Бајден да наполни 74 години, сепак можно ли е тој да алудираше дека ќе влезе во трката за следниот претседател на САД.