По турболентниот период и судски спорови за враќање на својата слобода, контроверзната поп икона Бритни Спирс се чини дека мирот го пронајде во заедничкиот живот со Сем Ашгари, момчето со кое е верена.
Пред еден месец, пејачката откри дека е повторно бремена.
За жал, Бритни на Инстарам откри дека го изгубила бебето.
„Со голема тага објавуваме дека го загубивме чудото од дете во раните фази на бременоста“, напиша Спирс.
„Ова е ужасен момент за секој родител.Можеби требаше да почекаме да ја објавиме бременоста, но бевме многу возбудени и сакавме да ја споделиме добрата вест. Нашата љубов е нашата сила. Ќе продолжиме да се трудиме да го прошириме нашето прекрасно семејство“, напиша таа.
Спирс (40), има два сина тинејџери од претходниот брак.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------