Home INFO Потресна приказна на Мадона: „Ми ставија нож под грло и ме...

Потресна приказна на Мадона: „Ми ставија нож под грло и ме силуваа“

SHARE

Денес е планетарно популарна, и со децении важи за една од највлијателните јавни личности.

Но не биле лесни почетоците на Мадона.

Во една прилика, пејачката за американските медиуми раскажала потресна приказна од почетокот на кариерата, односно за своето доаѓање во Њујорк.

„Кога пристагнав во Њујорк бев тинејџерка. Беше страшно, во тие први години ми се закануваа со пиштол, ме силуваа на покривот на зградата додека ми држеа нож на вратот. Имав толку грабежи во својот стан така што едноставно престанав да заклучувам“, рекла Мадона.

Мадона истакнала дека во тој период и било премногу тешко.

Останала без пријателите кои умреле од сида, дрога и куршуми, а кога станалаа славна злобните луѓе ја нарекувале со погрдни имиња.

Мадона, сепак, продолжила со кариерата и покрај сексистичките напади на кои била изложена.

РЕКЛАМИ:
Loading...