Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Повторно блам: Бритни Спирс се заплетка на сцена (видео)

Повторно блам: Бритни Спирс се заплетка на сцена (видео)

SHARE

Бритни Спирс навистина нема среќа со своите сценски настапи, па колку и да се труди тие да се беспрекорни секогаш се случува некоја незгода.

Прво падна, потоа имаше проблем со патентот, а сега се заплетка во дрво.

Бритни на настапот во Лас Вегас со помош на жиците требаше да лебди над публиката, но во последен момент се вплетка во нив и остана на импровизираното дрво.

Иако пејачката се обидуваше да го скрие проблемот правејќи најразлични движења ситуацијата стана и повеќе од очигледна кога еден од нејзините асистенти излезе на сцената за да ја отплетка, по што таа заедно со него се симна по скалите.

Погледнете го последниот блам на Бритни.

РЕКЛАМИ: ---