Home СПОРТ Кошарка Познати термините за Евробаскетот, отвораме со Црна Гора во 17:45

Познати термините за Евробаскетот, отвораме со Црна Гора во 17:45

SHARE

Кошаркарскиот сојуз на Словенија ги објави термините за натпреварите на Евробаскетот којшто ќе се одржи во септември годинава во оваа држава.

Нашите кошаркари коишто ќе се натпреваруваат во Групата Б заедно со селекциите на Литванија, Латвија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, својот прв натпревар ќе го одиграат на 4 септември во Јесеница против Црна Гора, а овој натпревар ќе започне во 17:45 часот.

Ден подоцна нашите репрезентативци ќе играат против Литванија во терминот од 21:00 часот, а во истиот термин ќе играат и против Србија. Во терминот од 14:30 часот, на 8 септември ќе играме против Босна и Херцеговина, а групната фаза ја затвораме на 9 септември против Латвија.

Распоред на нашата репрезентација во Јесеница:

4.9 Македонија – Црна Гора 17:45

5.9 Македонија – Литванија 21:00

6.9 Македонија – Србија 21:00

8.9 Македонија – Босна и Херцеговина 14:30

9.9 Македонија – Латвија 14:30

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ: ---