Home INFO Познатот пејач Здравко Чолиќ за влакно избегнал ќотек на македонската граница

Познатот пејач Здравко Чолиќ за влакно избегнал ќотек на македонската граница

реклама:hotel PREMIER

Здравко Чолиќ со децении е присутен на естрадната сцена.

Во едно интервју дадено за медиум од соседството, пејачот открил дека еднаш ја искористил својата популарност и имал привилегија, но поради ова за малку ќе настрадал.

– Во суштина никогаш не сум го користел името за да имам некои привилегии, во странство луѓето никогаш и не ме препознаваат. Се сеќавам дека еднаш, тогаш мојата ќерка беше мала и тргнавме на одмор во Порто Карас, но на граница имаше голема гужва. Цариникот ме препозна и ми понуди да застанам помеѓу два турски шлепери за побрзо да ја поминам царинската зона. Така и направив, но шоферите беа нервозни што паркирав меѓу нив и сакаа да ме линчуваат, а цариникот не можеше да ме заштити. Кога тргнаа да се пресметуваат со мене, се правдав дека надлежниот ме пушти, но џабе, не ме слушаа. За среќа се добро заврши, но сериозно можев да настрадам, открива Чола.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------