Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Правила за гостите на свадбата на Меган Маркл и принц Хари

Правила за гостите на свадбата на Меган Маркл и принц Хари

SHARE

Од тоа каде ќе седат и што ќе облечат, поканетите на свадбата на принцот Хари и глумицата Меган Маркл, ќе мораат да следат конкретен протокол.

Поранешниот „кралски“ уредник Данкан Ларкомб сведочи за тоа што смее, а што смееле, а што не смееле, да прават гостите на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година.

Гостите треба да се свесни за соодветниот амбиент

„Свадабата на принцот Хари и Меган Маркл ќе биде многу поинаква од онаа на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Верувам дека тие ќе сакаат да се доближат до народот и да покажат колку може нивната свадба да биде „некралска“. Тоа ќе биде така зашто Хари е познат како „принц на народот“ многу повеќе отколку иден крал“, смета Ларкомб и додава – „Секако, гостите ќе мора да бидат свесни за соодветниот амбиент, а правила за облекување и однесување ќе има“.

Угаснати мобилни телефони

Мобилните телефони се дозволени, продолжува поранешниот уредник. -Но, за време на церемонијата во црквата Сент Џорџ ќе мора да бидат исклучени. Под ниеден услов гостите немаат дозвола да ги употребат своите телефони.

Без селфи

Ќе бидат строго забранети селфи фотографии и воопшто фотографирање на настанот.

Без фотографирање

За свадбата на Кејт и Вилијам, биле поканети „проверени“ новинари кои биле задолжени само за успешни, убави фотографии. „Уловените“, случајни гримаси, со фотообјективот, фотографите треба да ги избришат од својот фотоапарат. Дополнително, забранети биле твитови и било-какви коментирања на социјалните мрежи.

Гостите пристигнуваат два часа порано

„За свадбата на Кејт и Вилијам, гостите беа обврзани да дојдат два часа претходно, пред почетокот на свадбената церемонија. Протоколот налага кралицата да биде последната личност која ќе пристигне на свадбата. Но, за свадбата на Маркл и Хари, ќе биде малку порелаксирано, а од гостите ќе се бара д пристигнат еден час пред почеток на церемонијата. Ниеден гостин нема да биде пуштен да присуствува на церемонијата доколку пристигне после кралицата“, објаснува Данкан Ларкомб.

Седење во црквата

Постои протокол и за седење во црквата. Гостите ќе мора да стојат се додека не се повикани да седнат. Правилото налага гостите поканети од страна на невестата да седат на левата страна, а на десната седат гостите од страна на принцот. Најблсиките роднини на Меган, нејзините родите и најблиските пријатели ќе имаат приоритет во седиштата.

Никој не смее да зборува со кралицата

Протоколот понатаму налага дека ниеден гостин, односно никој од присутните, не смее да и се приближи на кралицата или пак, нешто да ја праша.

Без бели креации

Дамските шешири се задолжителен моден додаток. Дрес-кодот на гостите стриктно налага дека не треба да се носат креации во бела боја. Понатаму, строго правило е креациите да не бидат во холивудски стил туку да имаат построг крој.

РЕКЛАМИ:
Loading...