Home INFO Пред бракот со Хари, Меган Маркл работела и како сексипилна хостеса –...

Пред бракот со Хари, Меган Маркл работела и како сексипилна хостеса – сопругата на овој познат пејач и била колешка!

SHARE

Меган Маркл беше позната со својата актерска кариера.
Откако е вобрак со принцот Хари, таа се откажа од кариерата, а интересот на јавноста за нејзиниот живот пред бракот не стивнува.

Како што секој почеток е тежок, така и Меган пред да почне да добива посериозни улоги, работела како сексипилна хостеса во шоуто “Deal or No Deal”

Освен неа, со помош на ова шоу се обидувала да се пробие и Криси Тајген, модел и сопруга на познатиот пејач Џон Леџенд.

“Денес сите ме испитуваат каква била Меган. Таа е прекрасна” – изјавила Криси и додала дека сите очекуваат сочни детали и негативни коментари за Меган, но таа ја памети само како тивка и мила девојка.

“Многу е мила, а ова ретко го кажувам за некого”

Ова не е единствената бивша колешка која има високо мислење за Меган.

Менди Мур, познатата актерка и пејачка открила дека во 2006 та година интензивно се дружела со Меган. Имено Менди глумела во филм кој го продуцирал тогашниот сопруг на Маркл, Тревор Енгелсон.

“Со оглед дека Тревор беше продуцент на филмот во кој глумев, во 2006 та ја запознав Меган и пројдов многу време со неа. Таа е една особено драга и великодушна жена”- изјавила Мур.

РЕКЛАМИ:
Loading...