Home ЗАБАВА Секојдневие Премијата Рено Твинго Тренд мотив за возачка дозвола

Премијата Рено Твинго Тренд мотив за возачка дозвола

SHARE

Струмица во изминатиов период многу често се докажува како среќна локација.

Токму ова беше и последниот мотив кој екипата на Државна лотарија на Македонија ја насочи кон гостување во Струмица.

Пред продажното место Ваткос во Струмица имавме прилика да се запознаеме со уште еддно среќно семејство, добитници на премија во Инстант лотаријата.

На плоштадот во Струмица пред продажното место Ваткос викендов, екипата на ДЛМ ги додели клучевите на 14 премија, автомобилот Рено Твинго, во Инстант лотаријата Твингоманија 2.

Станка Ицовска од Струмица е дамата која на своето семејство му обезбеди нов автомобил, благодарение на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Таа како редовен играч, одлучила да го купи добитниот лоз, кој пак и го обезбеди прекрасниот автомобил Рено Твинго Тренд.

Автомобилот наскоро ќе се вози низ улиците во Струмица. И Станка, но и нејзиниот сопруг немаат возачка дозвола, па токму оваа премија ќе биде нивен предизвик да стасаат до неа.

Со лозот ТВИНГОМАНИЈА Државна лотарија на Македонија на играчите на инстант лотарија им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до 1 од 40-те атрактивни автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД или до бројни парични добивки од 500.000 до 40,00 денари. Лозот е со цена од 40,00 денари, а беше пуштен во продажба на 30 јуни.

Уште на првиот ден на продажба го добивме и првиот добитник на автомобил Твинго Тренд. Забавата и добивките од новата серија инстант лозови под името ТВИНГОМАНИЈА се организираат во соработка со автомобилската куќа Аутомотив Груп – како официјален застапник на реномираниот бренд Рено, со кои се обезбедени вкупно 40 автомобили.

Учесникот го дознава резултатот кога ќе го отстрани заштитниот слој од полето за игра. Лозот е добитен, ако на три различни полиња од вкупно 6 (шест) полиња е отпечатен заштитниот знак на брендот Рено или на три различни полиња од 6 (шест) полиња е отпечатен ист износ.

Твингоманија 2 досега пријатно да изненади многу добитници меѓу кои се вкупно 14 лица кои ќе ги возат овие прекрасни автомобили. Четири Твинго Тренд ќе се возат низ Скопје, три во Струмица, а по еден автомобил Рено Твинго се вози низ улиците во Кичево, Тетово, Охрид, Битола, Пробиштип, Гостивар и Куманово.

Во игра се уште 26 автомобили, како и бројни помали и поголеми парични добивки.

Кој гребе, тој добива!

РЕКЛАМИ:
Loading...