Home КУЛТУРА Настани Приходот од претстава „Стјуардеси“ за поплавените во Штип

Приходот од претстава „Стјуардеси“ за поплавените во Штип

SHARE

Театар Комедија одлучи приходот од изведбата на претставата „Стјуардеси“ која вечер ќе се одигра на матичната сцена, да биде целосно дониран на општина Штип со цел да им се помогне на загрозените подрачја во форма на храна, облека и обувки.

Кон акцијата, стои во соопштението од Театарот Комедија, ќе се приклучат и Драмскиот театар со претставата „Човекот кој го изеде светот“ на 6 февруари и Македонскиот народен театар со претставата „Не се клади на енглези“ на 7 февруари.

РЕКЛАМИ:
Loading...