Home КУЛТУРА Настани „Приказни од Мјаукедонија“ – нов роман на Игор Џамбазов

„Приказни од Мјаукедонија“ – нов роман на Игор Џамбазов

SHARE

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов издаде нова книга насловена како „Приказни од Мјаукедонија“

Џамбазов, секојдневно од 13 до 18 часот ќе биде гостин на штандот на ТРИ каде ќе остварува средби со читателите и ќе ги потпишува своите книги.

Приказни од Мјаукедонија“- исповед на една провинцијалка е прво дело на младата и талентирана мачка Емилија Џамбазова-Бавчанска.

Таа е родена околу 1 јули 2011 година, во околината на Радовиш, поточно во една од плевните кај радовишките бавчи. Нејзината потресна приказна започнува токму на денот кога таа прогледува, па оставена од нејзината мајка почнува да талка по шумата. Првиот хомо сапиенс на коj ќе налета е нашиот познат актер и водител, Игор Џамбазов, кој подоцна ќе стане и нејзин сопственик. Емилија духовито ќе забележи-МОЖЕБИ ТОЈ Е МОЈОТ СОПСТВЕНИК, НО ЈАС НЕ СУМ НЕГОВА СОПСТВЕНОСТ, се вели во објаснувањето за „авторката“.

Ова е трет роман на познатиот актер и шоумен Џамбазов, по „Гол човек“ и „Прирачник за антиантиалкохоличари“ во кои  пишуваше за својот личен живот.

Курир

РЕКЛАМИ:
Loading...