Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Приведен Џастин Тимберлејк нестабилен и направен „луле“

Приведен Џастин Тимберлејк нестабилен и направен „луле“

реклама:G Natural

Светските таблоиди објавија фотографија по приведувањето на Џастин Тимберлејк, кој бил уапсен во пијана состојба.

На фотографијата, објавена од „Daily Mail“, се гледа пејачот со крвави очи и „камено“ лице.

Тимберлејк бил уапсен во Саг Харбор поради возење под дејство на алкохол откако пиел со пријателите во барот „American Hotel“.

Откако го запреле, тој одбил тестирање на алкохол и тврдел дека испил само едно мартини.

Полицијата го опишала како нестабилен на нозе, со бавен говор и силен мирис на алкохол.

На краткото судење, тој се изјаснил за невин, му било забрането да вози една година во Њујорк и бил ослободен без кауција.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------