Home КУЛТУРА Настани „Врисок“ на Мунк продадена за околу 120 милиони долари

„Врисок“ на Мунк продадена за околу 120 милиони долари

SHARE

Верзија на познатата слика на Едвард Мунк „Врисок“ е продадена на аукција организирана од аукциската куќа Сотбис во Њујорк за рекордни 119,92 милиони долари.

Досега рекордот во однос на цената го држеше сликата на Пабло Пикасо „Гол, зелени листови и града“, продадена во 2010 година од аукциската куќа Кристис во Њујорк за 106,5 милиони долари.

Седум лица се наддаваа за делото на Мунк, но само за период од 12 минути. Кога стана познато за колку е продадена сликата во салата одекна громогласен аплауз. Името на купувачот не е соопштено.

Делото, продадено синоќа, е варијанта во пастелни бои на познатата слика од 1895 година, на која е претставен маж кој вика и ги затвора ушите со рацете под крвавото небо на Осло. Таа верзија беше единствената од вкупно четири, која се уште беше сопственост на приватно лице.

Во периодот меѓу 1893 и 1910 година експресионистот Мунк ги наслика четирите верзии на ова дело, кое со годините се претвори во симбол на универзалниот ужас. Верзијата, која беше продадена синоќа беше сопственост на семејството на норвешкиот бизнисмен Петер Олсен, чиј татко Томас му бил сосед, а подоцна и пријател и покровител на Мунк.

Другите три верзии на „Врисок“ се во сопственост на музејот на Мунк во Осло (две) и на Националната галерија во Осло (една).

РЕКЛАМИ:
Loading...