Home КУЛТУРА Настани Промоција на книгата „Од Моцарт до мобилните телефони“

Промоција на книгата „Од Моцарт до мобилните телефони“

SHARE

Во Македонската опера и балет денеска ќе биде промовирано делото „Од Моцарт до мобилните телефони“ на Крсто Скубев.

Книгата е културолошка студија за влијанието на мас-медиумите во обликувањето на музичкиот производ и одразот на тоа влијание врз консументите.

Крсто Скубев е дипломиран продуцент на Факултетот за Драмски уметности – Скопје. Магистер по културологија (во книжевноста).

Член е на аматерски културно-уметнички друштва, долгогодишен член на АКУД „Мирче Ацев“, хорот на МРТВ, хорот на Операта на МНТ.

Во МНТ работи од 1981 година. Толкувал неколку актерски улоги во Драмата на МНТ, како и солистички делници во Операта.

Промотори на ова дело ќе бидат Александар Прокопиев-рецензент и Марко Коловски-музиколог.

РЕКЛАМИ: ---