Home КУЛТУРА Настани Промоција на стихозбирката „Траги“ од Василка Ќортошева

Промоција на стихозбирката „Траги“ од Василка Ќортошева

SHARE

Творештвото на младата и талентирана поетеса Василка Ќортошева е возбудливо, темпераментно, полно со блузерска ритмичност, а сето тоа е претставено во новата книга „Траги“.

Во неделата во Гевгелија се случи урбана промоција на младата поетеса која ја промовираше втората збирка песни.

„Василка Ќортошева со новата книга слика еден посебен емотивен, импулсивен свет, уникатен, социјално изграден, урбан, актуелен, таа е автор кој од моментите на живот создава стихови преку кои анализирајќи ги кадрите на реалноста ја трансформира својата бура на емоции во стихови“, вели рецезентот Митко Гогов.

Освен Митко како рецензент, како лектор на оваа збирка се потпишува проф. Соња Србова , корицата и дизајнот се дело на Владо Данаилов, а издавач е Академски печат.

„Отварањето на промоцијата беше вистинска експлозија, младиот аматерски актер Марин Џишев не стресе сите“, објаснуваа присутните.

Промоцијата на новото остварување на Василка беше отворено со песната „Full Mind“.

Карактеристично во поезијата на оваа млада поетеса е тоа што насловите на песните се на англиски.

РЕКЛАМИ: ---