Home КУЛТУРА Настани Промоција на збирката сликовници „Нашата прва библиотека“

Промоција на збирката сликовници „Нашата прва библиотека“

SHARE

Во рамки на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ денеска ќе биде промовирана „Нашата прва библиотека“ – збирка од 20 наслови сликовници за деца на македонски и албански јазик.

Сликовниците ќе бидат дистрибуирани до секоја училница од одделенска настава во државата.

Со овој настан, исто така, се одбележува годишнината од отворањето на реновираниот Детски креативен центар и Меѓународниот ден на писменоста.

На промоцијата најавено е обраќање на Кејпи Полк Бејли, сопруга на американскиот амбасадор Џес Бејли.

РЕКЛАМИ:
Loading...