Home INFO Пронајден мртов во својот автомобил: Почина внукот на легендарниот Боб Марли

Пронајден мртов во својот автомобил: Почина внукот на легендарниот Боб Марли

реклама:Велигден со Стаф

Џозеф Мерса Марли, внук на легендарниот музичар Боб Марли почина на 3 година, а веста ја потврди неговиот портпарол.

Внукот на Боб МАрли е пронајден мртов во својот автомобил, а причината за неговата смрт официјално не е објавена. Неофицијално, се претпоставува дека смртта настапила како последица од астма, болест со која младиот уметник се борел целиот свој живот.

Џозеф беше јамајканско – американски уметник, најстар син на Стивен Марли и внук на Боб Марли.

Роден е на Јамајка, во 1991 година а на свои 11 години се преселил во Мајами. Уште од мали нозе бил под влијание на музиката а својата прва песна ја објави во 2010 година.

Минатата година го издаде својот втор и последен албум.

Од него се прости и премиерот на Јамајка:

– Нека најде вечен мир додека ние жалиме за неговото заминување! , изјавил премиерот Ендру Холнес.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------