Home ЗАБАВА Луд Свет Провалил кај Пи Диди за да јаде, спие и да ја облекува...

Провалил кај Пи Диди за да јаде, спие и да ја облекува неговата гардероба

SHARE

Квамин Тејлор (30), човек со долга историја на ментални болести, провалил во домот на познатиот рапер Пи Диди. Влегол во кујната и јадел, а потоа се качил на спратот, ја пробувал облеката на раперот, малку одспал и си отишол дома.

Семејстовот на ментално болниот човек од Квинс потврдила дека Тејлор влегол во куќата на раперот која се наоѓа во Ист Хемптон.

Меѓутоа, тој не влегол таму за да краде. Откако јадел, Тејлор ја пробал облеката на Пи Диди и поспал малку.

Тој до куќата на Диди стигнал со такси, ја прескокнал капијата и ја скршил бравата во подрумот, преку кој влегол во куќата. Откако се вклучил алармот, тој на обезбедувањето му рекол дека се е во ред, дека тој е пријател на Диди. Во оваа приказна за некое чудо поверувало обезбедувањето. Дури утредента бил пријавен упад.

Она што е интересно во приказната, откако Тејлор бил уапсен, изјавил дека ова не му било прв пат.

– Јас доаѓам во неговата куќа уште од 2001 година. Не одам таму само затоа што сум негов голем фан. Само сакав да излезам малку од градот. Се надевав дека ќе останам да одморам некои 15 до 17 дена, изјавил Тејлор за „Њујорк пост“.

РЕКЛАМИ:
Loading...