Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Прв пат во јавност ја покажа ќерката

Прв пат во јавност ја покажа ќерката

SHARE

Бразилската манекенка Жизел Буншен конечно на светот му ја покажа нејзината ќерка Вивиен Лејк, објавувајќи заедничка фотографија на Фејсбук.

Иако неколку пати досега папараците се обидоа да го фотографираат бебето, сепак никогаш не го видовме неговото лице.

Неодоливата фотографија од 2-месечното бебе облечено во бело фустанче, Жизел ја надополни пишувајќи:„ Љубовта е се!!! Среќен петок, ве сакам сите!“.

За прекрасната 32-годишна бразилка, малата принцеза е второ дете од бракот со Том Брејди.

„Толку сме среќни што доживеавме вистински магичен момент како што е раѓањето на нашето второ дете и сме среќни што сме родители на малиот ангел“, изјави Жизел по породувањето.

Среќните родители го имаат 3-годишниот Бенџамин, додека Том го има 5-годишниот син Џон од врската со актерката Bridget Moynahan.

РЕКЛАМИ:
Loading...